
Утре на програмата ќе бидат натпреварите од првата фаза од фудбалскиот Куп на Македонија, а гледачите на телевизија М Нет ќе имаат можност да проследат два натпревари преку директни преноси.
Во соработка со ФФМ на телевизија М Нет ќе може да го проследите ексклузивно второлигашкото соочување на Кожуф и Арсими кое се игра на Градскиот стадион во Гевгелија со почеток од 15 часот.
Неизвесен дуел на две екипи кои во лигата имаат амбиции за висок пласман и борба за Прва лига, а утрешното соочување ќе биде тест за второлигашките амбиции. Двете екипи ќе сакаат што подалеку да стигнат во Купот, а нивното меѓусебно соочување во Гевгелија ќе биде повеќе од атрактивно да го проследите преку директен пренос на М Нет телевизија.
На спортскиот канал М Нет Спорт ќе имате можност да го проследите и натпреварот меѓу четвртолигашот Слободен и штипска Брегалница, овој натпревар кој се игра на теренот во Горно Лисиче фаворитската улога ќе ја има второлигашот од Штип.
Соочувањето ќе можете да го проследите преку директен пренос само на спортскиот канал М Нет Спорт со почеток од 15 часот.
Александар Ванев, М-Нет