
Со положување свежо цвеќе пред спомен обележјето на загинатите борци од 2001 година во штипската касарна „Јане Сандански“ започна одбележувањето на 17 септември – денот на вториот пешадиски баталјон. Настаните продолжија во кругот на касарната, каде со едноминутен молк се оддаде почит на загинатите борци од 2001 година, а беше подготвена и соодветна свечена манифестација.
„На овој ден ја чествуваме богатата историја и извонредната служба на единицата, но исто така овој де служи и како момент за размислување, благодарност и мотивација за иднината. Денешната прослава е доказ за непоколебливиот дух, посветеноста и пожртвуваноста на мажите и жените кои служеле и продолжуваат да служат во вториот пешадиски баталјон.“ – вели Сумрачки.
Одбележувањето на денешниот ден е доказ дека се почитува она што припадниците на бригадата го правеле и го прават за слоободни градови, слободна држава.

„Бригадата која почнувајќи од Малешевијата учествувала во ослободување на Македонија, а продолжила и во Србија, Хрватска, БИХ и Словенија. Од оваа бригада над 400 војници ги положиле своите животи пред олтарот на слободата, слободата во која денес ние живееме. “ – вели Чиплаковски.
Припадниците на вториот пешадиски баталјон и покрај големиот број предизвици со кои се соочуваат секојдневно се горди што се дел од оваа работа и помагаат во секое поле.
Лаура Стојанова М-Нет