Македонскиот футсал шампион Форца се засили со двајца репрезентативци на Колумбија!

ФОТО: Телевизија М Нет

Македонскиот футсал шампион Форца за новата сезона во домашното првенство, но и за настапите во елиминационата фаза во Лигата на шамшионите промовираше уште две нови засилувања.

Станува збор за Камило Гомез, репрезентативец на Колумбија, како и Луис Пасодо исто така репрезентативец на Колумбија.

Форца во новата сезона ќе ја брани двојната титула, но ќе настапува и во елиминационата фаза во Лигата на шампионите, откако со три победи во претквалификацискиот турнир во Скопје обезбеди место во елиминационата фаза во елитното натпреварување.

Гомез во Форца доаѓа од француската екипа Монтепење, станува збор за супер засилување, играч со големот искуство на меѓународната сцена со што македонскиот шампион добива голем квалитет во своите редови за новата сезона и во Лигата на шампионите.

Форца успеа да го обезбеди потписот и на Пасадо на само помалку од десет часа до затварање на преодник рок. Се работи исто така за големо и капитално засилување.

Форца го комплетираше росторот од 14 играчи, од кои десет се македонци, тројца се Колумбијци, а еден е Бразилец.

Александар Ванев, М-Нет