Куп на Македонија : 1/8 финале, Беласица на гости во Штип, Кит Го на „Борис Трајковски“ во Скопје

Фудбалските Куп натпревари се најмасовниот облик на натпреварување во кое им се дава шанса на сите екипи од најнизок па до највисокиот ранг на се натпреваруваат и да го посакуваат драгоцениот трофеј. Отсекогаш овие куп натпревари биле полни со неизвесност и не ретко се случувало сензационални елиминирање на респектабилни екипи од далеку анонимни и ниско рангирани тимови. Пред нас се натпреварите од 1/8 финалето на македонскиот куп на кои во главном фигурираат прволигашки и второлигашки екипи. На „градски“ во Штип ќе се сретнат старите ривали Брегалница и Беласица од Струмица. Има многу мотиви и желби кај штипските сини за враќање на некои стари фудбалски долгови. Но сето тоа да се разреши со тактички мудра и паметна игра со стриктно извршување на поставените задачи од својот тренер а како краен продукт извојување на победа и пласман понатаму во 1/4 финалето на Македонскиот Куп. Веќе се делегирани и официјалните лица за овој меч, така да главен судија ќе биде Никола Костенчев, прв помошник Гоце Петрески, втор помошник Милош Милошевиќ и четврти судија ќе биде Дејан Младеновски сите од Скопје. Делегат ќе биде Али Шукрија од Липково а Контролор Марјан Ристески од Кичево. Тимот на Кит Го Пехчево ќе гостува на стадионот Борис Трајковски во Скопје на екипата на Шкупи со која не така одамна имаше успех и ја елиминира токму во Куп натпреварите на Македонија. Еве ги комплетните парови за 1/8 финалните куп натпревари:

  1. Шкупи – Кит Го Пехчево
  2. Брегалница – Беласица
  3. Македонија ЃП – Каменица Саса
  4. Академија Пандев – Вардар
  5. Шкендија – Гостивар
  6. Кожув – Силекс
  7. Струга Трим Лум – Работнички
  8. Ренова – Пелистер

Сите натпревари ќе се одиграат во среда 21 октомври со почеток во 14.30 минути, се игра еден натпревар и во случај на нерешен резултат во регуларниот дел ќе се изведуваат пенали.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk