
Злоупотреба на Ловното здружение Ловец од Штип од страна на претседателот Далибор Ѓеорѓиев – вакво писмо испратија револтирани ловџии кои како што велат не се задоволни од постапките на претседателот. Додаваат дека веќе две години здружението се злоупотребува во големи размери.
„Нереализирањето на веќе отпочнат проект на ловното, иако л.з.Ловец Штип веќе ги имаше добиено паричните средства од општина Штип. Се работи за проект во село Судик, односно изградба на фазанерија, каде во проектот децидно пишува дека дел од градбата ја инвестира Општина Штип со парични средства од 400.000ден. и дел од исто толку парични средства и од л.з.Ловец. Ловниот дом во Плачковица до пред две години имаше профит и ловџиите имаше каде да престојуват, сега не функционира. Ловиштата се во целост опустошени, не се води никаква грижa, се злоупотребува службеното возило на Л.З.Ловец, Штип“ – стои во писмото од револтираните ловџии членови на здрижението.
Од таму велат дека „Лудориите без граници“ на претседателот Далибор Ѓеорѓиев се многубројни и пред се понижувачки за државата. Додаваат дека сите овие, наведени постапки од лицето Далибор Ѓеорѓиев сведочат по кој знае кој пат за неговата постојана и “без пардон” злоупотреба на службената должност која ја има.
За вака настаната ситуација и обвинувањата на адреса на претседателот Ѓеорѓиев, одговор побаравме и од него. Во телофонски разговор за М-Нет телевизија вели дека сите изнесени податоци се лага, но додаде дека нема да коментира за информации од писмото.
Лаура Стојанова М-Нет