КУП: Воска Спорт со два гола предност патува на реваншот во Ѓорче

Денес беше одигран вториот полуфинален меч откако на „Билјанини Извори“ во Охрид, Медин Бајрами и Бобан Георгиев обезбедија победа од 2:0 над Македонија ЃП.

Охриѓани на реваншот во Ѓорче патуваат со два гола залиха, па може да се каже дека со еден чекор веќе се во големото финале, каде Воска Спорт ќе испишува нова историја, откако ќе игра прво финале, но и ќе се бори за прва Куп-титула, а со тоа и да обезбеди излез во Европа.

Вчера беше одигран првиот полуфинален меч откако Шкупи и Тиквеш на Чаир одиграа 0:0.

Реваншите се играат на 17. април.

Александар Ванев, М-Нет