
По вчерашното заминување на тренерот Горан Здравков од Брегалница, денес оставка поднесе и неговиот помошник Ангел Темелков од позиција на асистент тренер.
Тој рече дека чувствува етичка и морална одговорност да си даде оставка, додавајќи дека на клубот му се потребни нови лица и нова енергија.
“Поминав прекрасен период од година и пол во Брегалница, за што упатувам огромна благодарност до управата, вработените и играчите во клубот. Од позиција на асистент тренер, чувствувам етичка и морална одговорност да си дадам оставка, на клубот му се потребни нови лица и нова енергија. Јас имам за цел да градам своја сопствена тренерска кариера”, рече Темелков по заминување од клубот.
Како што веќе објави телевизија М Нет, нов тренер на Брегалница е Трајче Сенев, а неговото деби ќе виде викендот против Шкупи на Градскиот стадион во Штип.
Александар Ванев, М-Нет