Во петок ќе се минира на локалитетот „Попова чешма“ во Штип, за потребите за изградба на брана на река Отиња

Во петок од 10 до 12 часот се превидени активности за минирање на локалитетот „Попова чешма“. Ова е за потребите при изградба на насипна брана со придружни објекти „Отиња„. Минирањето ќе го изврши стручен тим на претпријатието „ТЕТА КОП ДООЕЛ“ Велес. Минирањето е предвидено во рамки на концесискиот простор согласно Договорот за концесија за експлоатација за изградба на брана Отиња.