Куманово е шампион во Трета лига – Север и ќе игра бараж за Втора лига

Екипата на Куманово со 0:3 славеше над Башкими Љуботен во Бутел и стана шампион во Трета лига – Север и ќе игра бараж за Втора лига.

Јусуфи си постигна автогол за 0:1, а потоа Јовановски и Стевчевски стрелаа за 0:3.

Шкендија Арачиново со 3:5 славеше над Фортуна и заврши на второто место.

Со оваа Куманово е шампион со 70 бодови, а Шкендија од Арачиново е втора со 69 бодови.

Александар Ванев, М-Нет