
Бараж натпреварот за Првата македонска фудбалска лига меѓу Вардар и Детонит Плачковица ќе се одигра во Струмица, во недела со почеток од 17 часот.
Денес во просториите на ФФМ беше донесе одлуката бараж натпреварот за пополнување на последното место во Првата лига да се одигра на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица, откако во играа беа неколку стадиони како во Прилеп, Кавадарци и Штип.
Сепак, конечната одлуката е баражот да се одигра во Струмица, во недела од 17 часот.
Александар Ванев, М-Нет