Реми на дербито меѓу Зајази и Дрита, лидерот Влазерими ја доби Речица

Денес беше комплетирано 8. коло од Трета лига – Запад со три натпревари, откако вчера со натпреварот во Кичево каде Напредок со 3:2 го доби Камјани беше отворено осмото коло за што објави телевизија М Нет.

Лидерот Влазерими со 1:3 го доби дуелот со Речица на гостински терен во меч каде за гостинот Имери беше двоен стрелец, а вториот гол беше дело на Ибраими. За гостинот Бафтири во 90. минута погоди и го ублажи поразот на конечните 1:3.

Џепчишти со 2:1 го доби Љуботен на домашен терен во меч каде АЛији и Садики беа стрелци за домашниот тим, а Зендели во 36. минута си постигна автогол.

Дербито меѓу Зајази и Дрита заврши без победник со по еден гол во мрежата (1:1) и поделба на бодовите. Дрита до овој бод стигна со играч помалку на теренот од 15. минута, кога Асани заработи директен црвен картон. Една минута подоцна Матоши погоди за водство од 1:0 на Зајази. Во вториот дел капитенот Бесим Алили постигна гол за конечни 1:1.