Кузеска: 18 месеци нема правда за Кочани затоа што судството под контрола на Мицкоски ги штити своите

Поминаа 18 месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“, во која згаснаа 63 млади животи, а 193 лица беа повредени. Правдата за Кочани се топи пред очите на јавноста. Заробеното судство кое е под целосна контрола на Мицкоски ги штити своите, а жртвите и нивните семејства ги остава без одговори и без правда. Ова го истакна Богданка Кузеска – портпаролка и членка на ИО на СДСМ.

Таа обвини дека повеќе од две години власта на Мицкоски ги контролира полицијата, обвинителството и судството. Диктира задачи на обвинители и судии преку телефон, од собраниска говорница, преку телевизија. Дискредитира и навредува обвинители јавно. Поставува свои советници за судии, сопруга на ексградоначалник на ВМРО во Судскиот совет, обвинителка поврзана со Сашо Мијалков.



„Наместо брза и неселективна одговорност, гледаме одолжување на постапките и ослободување на лица поврзани со случајот.

Сега и „Газда Деко“ е пред слобода.

Мицкоски тврдеше дека ќе се повлече од политиката ако се докаже дека обезбедувањето во „Пулс“ е поврзано со ВМРО.

Како и за сè друго што им ветил на граѓаните – излажа.

Ниту се повлече, ниту понесе одговорност, ниту обезбеди правда.

Додека Мицкоски зборува за „талог“ и „елита“, додека седи до државниот јавен обвинител и испраќа закани, родителите на загинатите повторно гледаат како институциите ја погребуваат правдата.

Ова веќе не е изолиран случај. Ова е систем.

Го ослободуваат Груевски. Го ослободуваат Латас.

Враќаат имот стекнат со криминал на ВМРО-ОКГ.

Телохранители на Мицкоски кои тепаат жени се спасуваат од одговорност.

Нема одговорност за петте тони дрога пренесени преку граница.

Нема одговорност за криминалните тендери вредни 200 милиони евра.

Нема одговорност за водата во Гостивар, за загадените реки.
Нема одговорност за тепањето млади во Ново Село.

Така изгледа „правдата“ на Мицкоски – заштита за моќните и неправда за жртвите.

СДСМ стои со семејствата на загинатите и со повредените во трагедијата во Кочани.

Бараме целосна, неселективна и вистинска одговорност за секој што дозволил, овозможил или прикривал незаконско работење во „Пулс“.

Никој не смее да биде заштитен поради партиска книшка, функција или блискост со криминалната банда на власт.

Правдата за Кочани не смее да се разводни.

Правдата за Кочани не смее да се одложува.

Правдата за Кочани не смее да истече“, рече Кузеска.

Текстот (Видео) Кузеска: 18 месеци нема правда за Кочани затоа што судството под контрола на Мицкоски ги штити своите е превземен од МАКФАКС.