Крстосницата во населба Сењак во Штип – проект на власта или опозицијата?

Сите граѓани заслужуваат модерна, соверемена и патна инфраструктура, истакнаа денес на прес конференција од ОО на СДСМ Штип. Во таа насока од таму додадоа дека крстосницата во населба Сењак е прокет кој е започнат о д СДСМ, со поддршка од Владата и Министерството за транспрт и врски.

„Крстосницата во населбата Сењак, која е главната централната крстосница на улиците „Сремски фронт” и „Борис Крајгер” ќе доживее целосна комплетна нова инфраструктура, со вкупна вредност од над 11 милиони денари. Преку проектот за локални улици и патишта на Министерството за транспорт и врски, за оваа крстосница веќе има изготвено сообраќајно решение и се обезбедени средства за нејзино проширување и регулирање на сообраќајот со воведување на светлосни сигнали. Со започнување на градежната сезона, ќе започнат активностите токму на оваа крстосница која е од голем бенефит за сите граѓани. СДСМ ги реализира приоритетите на граѓаните, а Владата продолжува со поддршка на инфраструктирните проекти,за разлика од времето кога ВМРО ДПМНЕ ја имаше централната власт и постојано ги саботираше општините предводени од градоначалниците кои не беа од нивните редови.“ – кажаа од СДСМ.

Од ОО на СДСМ Штип му порачуваа на градоначалникот да започне со проекти од неговата програма, а не само да се слика со туѓите проекти за кои немаат никакво учество.

На овој прес од центарот за комуникации на ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип одговорија дека локалната опозиција сигурно заборавила зошто ги изгуби изборите, па затоа тие ќе ги потсетат.

„Токму поради тоа што не реализираа ништо во изминативе четири години, граѓаните ги испратија во длабока опозиција. Токму поради тоа што повеќе зборуваа, отколку да работат, граѓаните ги казнија. Сега им е време да гледаат и учат како оваа Локална власт го реализира ветеното, да се фокусира на експресното работење во наредните денови, впрочем треба веќе и да се помират дека нивното време помина, тие останаа во минатото, токму затоа што не оставија никаков траг во нашиот град.“ – напишаа од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип.

Лаура Стојанова М-Нет