
ФК Брегалница со пораз го стартува пролетниот дел од првата фудбалска лига на Македонија. На денешниот натпревар што се одигра на Градскиот стадион во Штип, екипата на Ренова ги совлада штипските сини со резултат 1:2. ФК Брегалница под водство на новиот стратег одигра слабо прво полувреме и во 16 минута примија комичен гол, за водство на гостите од 0:1. Со овој резултат заврши првото полувреме. Во второто полувреме, гостите зголемија на 0:2, преку Виктор Серафимовски во 56 мин. Џокиќ во 59 минута намали на 1:2. Пред крајот на натпреварот, Алтипармаковски имаше голема шанса да го изедначи резултатот, меѓутоа биеше непрецизно.