
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против П.Г.(25) од Виница, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „овозможување на употреба на наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсори“ и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”. На 05.02.2021, при извршен претрес во дом и други простории на пријавениот, била пронајдена и одземена марихуана.