Пливачите на „Челични“од Штип ќе „брануваат“ на „Скопје Опен – 2021“

Градот Скопје ќе биде домакин и технички организатор на четвртиот по ред Меѓународен пливачки митинг „Скопје Опен – 2021“. Покрај останатите на овој митинг се поканети и се радо видени гости младите пливачи на клубот „Челични“ од Штип кои во континуитет ги брануваат водите на позначајните турнири и скоро секогаш се враќаат со вредни признанија и трофеи. Спортскот педагот и тренер на „челичните“ Мирко Јакимовски и овој пат ја има на располагање докажаната тројка на пливачи кои ќе настапат во Скопје. Тоа се : Ивона Наумова, Вероника Зашевска и Методи Георгиев кои ќе настапат во дисциплините Слободно и Делфин. Кој знае по кој пат ќе повториме дека и покрај тоа што немаат никакви услови ниту свој базен, штипските млади пливачки таленти се снаоѓаат по околните македонски градови и во нивните базени ги „трасираат“ успешните патеки кон пливачкиот врв. Меѓународниот пливачки митинг „Скопје Опен – 2021“ ќе се одржи на 13 и 14 ноември оваа година на базенот „Борис Трајковски“ во Скопје.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk