Кредити се вадат на големо, најчесто за стан или за автомобил

Кредити се вадат на големо – не за луксуз, туку за основни потреби. Кредит за автомобил, кредит за стан, но и за одмор. Револтирано анкетираните на терен велат дека високите цени и големата потрошувачка се причини за да мора кредит да се вади. Повозрасните децидни дека современиот живот причина за многу финансиски потешкотии, во споредба со минатото.

По зимањето, следува враќањето, а тоа е потешкиот дел велат анкетираните. Како што соопштуваат, некој со помош на своите родители го враќаат, други знаат и да се заглават.

Податоците на Народна банка покажуваат дека вкупните депозити во април на  годишно ниво, забележале раст од 11,6%, додека вкупните кредити пораснале за 11,8%.

Само во април депозитите пораснале за 0,4% и тоа благодарение на депозитите на граѓаните кои пораснале за  2% во однос на претходниот месец.

Во април раст бележат и вкупните кредити и тоа од 0,8%  како резултат на кредитите во двата сектора, но е поизразено во корпоративниот сектор каде што е забележан раст од 1%.

Во април, кредитите на домаќинствата забележаа месечен и годишен  раст од 0,6% односно 9,8%,  а кај корпоративниот сектор  растот е од  1,0%, на месечно ниво и од 14,1% на годишно ниво.

Иван Митев, М-Нет