Македонската женската репрезентација во борење за настапот на ЕП за кадети се подготвува во Охрид

Во Охрид се организират подготовки за борачките кои ќе настапат на Европското првенство за кадети (У-17) кое ќе се одржи во Скопје во период од 9 до 15 јуни годинава.

Подготовките се организираа заедно со косовската репрепрезентација, а истите започнаа во Косово, а сега продолжуваат во Охрид.

Македонската селекција ја предводи тренерот Марјан Христов.