Крајно аларманта финансиската ситуација во ЈП „Исар“ Штип, претпријатието далеку од ликвидно

Крајно сериозна и доста лоша е состојбата во ЈП „Исар“ Штип. И покрај тоа што во последните два месеци се исплатени 16 милиониу денари долг, сепак претпријатието е далеко од стабилно и ликвидно. Сметката за електрична енергија за месец јануари ќе биде за четири пати повисока од досегашната, а случен е и договор за испалаќање на рата за кредит во сума од 3.7 милиони денари. Ова е голем товар и за далеку по стабилни претпријатија од „Исар“ вели в.д. директорот Трајче Здравков.

„Локалната самоуправа и јавните претпријатија се оставени сами на себе и покрај сите апели за помош во оваа енергетска криза. Ќе следи тежок период, секојдневно сме соочени со тужби, со извршни решенија, со блокирање на сметките. но, можеме да ветиме дека посветено ќе се трудиме да излеземе од кризата во која е втурнато јавното претпријатие.“ – кажа Здравков.

Според Здравков, граѓаните и понатаму ќе добиваат навремено водоснабдување и собирање на ѓубре и смет. Тоа значи дека лошата финансиска ситуација во ЈП „Исар“ не би требало да ја почувствуваат граѓаните на свој грб, но не е исклучен можноста да има во иднина и покачување на цената на водата.

„На граѓаните на Штип можам да и ветам искрен и транспарентен пристап и известување за сите чекори кои ќе ги преземе понатаму јавното претпријатие за да излезе од кризата. Изминатите два месеци сопрени се сите нерационални трошоци. Од претпријатието повеќе нема да излезе ниту еден штраф, а тоа да не биде евидентирано“ – додаде Здравков.

Инаку по едностраниот прекин на договорот за електирчна енергија, се бара нов оператор кој ќе го снабудува ова претпријатие со струја. Доколку не се најде од ЕВН со струја може да ги снабдуваат само 90 дена.

Излез од ваквата ситуација ќе се бара и преку помош од Локалнта самоупрва, како и со штедење и домаќнско работење. Сметката за електрична енегрија би се намалила со приклучување на Хидро системот Злетовица од каде штипјани треба да се снабдуваат со вода за пиење.

Лаура Стојанова М-Нет