
Вечерва ВМРО – ДПМНЕ ќе избере кој ќе биде на челните места на општинските комитети во Штип и Карбинци. По повеќето имиња кои излегоа во јавност, неколку од пријавените кандидати на јавниот повик со процесот на селекција влегоа во потесниот круг, а Извршниот комитет вечерва ќе ја донесе одлуката.
„На денешната седница на Извршниот комитет ќе се изберат координаторите на ОК на ВМРО ДПМНЕ и во Штип и во Карбинци“, истакна претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
За ОК во Штип во трка се директорите на јавните претпријатија, Игор Ефтимов и Трајче Здравков, како и уште тројца кандидати, актуелниот советник во Советот на Општина Штип, Душко Иванов, претходниот раководител на Царина во Штип, Кирил Зајков, и некогашниот претседател на Унија на млади – Штип, Бојан Кереместевски.
Во трката за претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ – Карбинци, пак, се тројца кандидати: Кире Крстев, Гордана Барбашка и Зоран Манев.
Новите претседатели во Карбинци и Штип, за кои ќе се одлучува вечерва, ќе ги заземат претседателските места на сегашните градоначалници Јорданов и Паунов.
Ребека Спасова М-Нет