Душко Иванов е нов претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Штип

Синоќа на Извршниот комитет на партијата ВМРО ДПМНЕ одржан во Скопје, Душко Иванов беше избран за нов претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Штип. Душко Иванов е член на ВМРО ДПМНЕ од 1992 година, како член на УМС на ВМРО ДПМНЕ Штип при МК Ново Село, Претседател на УМС при МК Ново Село ( 2000 – 2004 година ), Потпредседател на МК Ново Село ( 2006 – 2013 ), претседател на МК Ново Село (2013 – 2021) избран на непосредни избори од членовите на месниот комитет. Од 2016 година, континуирано член во Општинските комитети на ВМРО ДПМНЕ, во сегашниот состав Потпретседател на Општинскиот комитет, актуелен Советник во советот на Општина Штип, координатор на советничката група и од неодамна со решение на градоначалникот, заменик градоначалник на Општина Штип.