Која е причината што Кочани се уште нема кандидат за градоначалник од СДСМ?

На вчерашната прес конференција на СДСМ, генералниот секретар на партијата Љупчо Николовски ги презентираше кандидатите за градоначалнинци за во градовите во кои недосуваа. Само Општина Кочани остана без предложен кандидтат за градоначалник од СДСМ и покрај тоа што според Николовски победата е загарантирана.

Која е причината што Кочани сеуште нема кандидат за градоначлник од владејачката партија, кога според истражувањата на ИРИ сегашниот актуелен градоначалник Николчо Илијев имаше голема доверба од граѓаните. Во телефонски разговор тој за М-Нет телевизија истакна дека моментално е фокусиран на проекти кои се од огромно значење за Кочани и дека не поднел апликација за нов градоначалнички мандат.

„Јас во мометот сум фокусиран на реализиацијата на проектите, навистина има многу проекти кои се многу убави и многу значат за развојот на Кочани. Не сум поднесел апликација за градоначалник“ – истакна Илијев.

Истовремено, во Кочани деновиве можеа да се слушнат секакви разговори за причината поради која Илијев не е во списокот на кандидати за градоначалници. Неофицијално актулениот градоначалник се подготвува за министерска позиција, на што тој одговори дека се само шпекулации.

„Шпекулации, тоа се само шпекулации“ – додаде Илијев.

За недела дена треба да се соопшти иметото на кандидатот за градоначалник за Кочани од редовите на СДСМ.

Лаура Стојанова М-Нет