Кошаркарките на Патриот од Делчево ќе бараат прва радост против фаворитот Бадел, Баскет Кам голем фаворит за нов триумф

Вечерва ќе биде отворено 4. коло во Првата женска кошаркарска лига со натпреварот меѓу шампионот Баскет Кам и Спорт Тим, меч каде тимот на Баскет Кам ќе биде апсолутен фаворит за нов триумф и сосема очекувано е славје на тимот од Македонска Каменица во однос на аутсајдерот Спорт Тим.

Во сабота се игра натпреварот во Делчево меѓу Патриот и големиот фаворит Бадел. Ова е натпревар во кој домаќинот ќе ја бара првата сезонска радост и првиот позитивен резултат, откако кошаркарките на тимот од Делчево нанижа три порази по отварањето на новата сезона.

Во недела на програмата ќе бидат два натпревари. Дербито го играат Крива Паланка и Вардар, меч каде двете екипи влегуваат со една цел да стигнат до нов триумф. Вардар по три кола е максимален, а пак тимот на Крива Паланка има две победи и еден пораз.

Во Кавадарци ќе се сретнат Пробаскет и МЗТ Бела Вода, меч каде се очекува неизвесен меч во обид и двете екипи да забележа триумф.

Александар Ванев, М-Нет