
Одбојкарите на Штип УГД за првпат сезонава пред својата верна публика во Штип забележаа убедлив триумф од 3-0 во сетови над екипата на Македонија Џио.
По двете убедливи победи во гости на штипските одбојкари, на првиот домашен меч Штип УГД однесе уште една убедлива победа.
Освојувачот на Купот на Македонија првиот сет го доби со убедливи 25:17 за 1-0 во сетови. Во вториот сет одново доминација за Штип УГД за 2-0 во сетови, а вториот сет заврши со 25:20.
Гостинот немаше сили да парира ниту во третиот сет кој го загуби со 25:18 во спортската сала „Јордан Мијалков“ во Штип, со што Штип УГД славеше со 3-0 во сетови нова победа.
Претходно, Штип УГД славеше со 0-3 во сетови над Сушево и над Скопје исто така со 0-3 во сетови, две убедливи гостински победи, со што штипјани имаат одличен старт на новата сезона со три убедливи победи на три натпревари.
Александар Ванев, М-Нет