
По четири одиграни кола во Првата А женска кошаркарска лига лидер на табелата е актуелниот шампион Баскет Кам од Македонска Каменица со четири од четири и осум бодови на своето конто.
Со оглед на тоа што екипата на Куманово е дисквалификувана после второто коло, во секое коло од Првата А женска кошаркарска лига има по една слободна екипа.
Крива Паланка е втора на табелата со максималенм учинок со три од три и шест бодови на своето конто. На третото место со пет бодови е Бадел кој е трет со пет бодови од три натпревари, а пак екипата на Патриот од Делчево е на четвртото место со ист број на бодови но од четири натпревари.
МЗТ Скопје е на петтото место со четири бодови, а по толку бодови имаат Вардар и Пробаскет.
Во рамки на 5. коло слободна ќе биде екипата на Патриот, дербито на колото ќе го одиграат Крива Палaнка и Баскет Кам во дерби на непоразените екипи, Пробаскет ќе го предизвикува Бадел, а пак Вардар ќе се соочи со МЗТ Скопје.
Во Првата Б женска лига лидер е Струга со максимално четири од четири и осум боодви, по седум бодови имаат Спорт Тим Неготино и Шкупи, додека пак Риниа Баскет и Охрид имаат по шест бодови. На шесттото место е Гостивар со пет бодови, колку што има Јанбор, а дното е Пониква од Кочани со три бода.
Во рамкки на 5. коло Риниа ќе игра против Струга, Охрид како фаворит ќе го пречека тимот на Пониква од Кочани, Гостивар ќе се соочи со Јанбор, а пак Спорт Тим ќе игра со Шкупи.
Александар Ванев, М-Нет