Двајца штипјани пријавиле дека им се заканувале по сведочење во Основен суд Штип и се обиделе физички да ги нападнат

На 11.11.2024 во 13 часот во СВР Штип, Д.М. и Б.З., двајцата од Штип, пријавиле дека околу 09 часот во и пред Основен суд Штип, Ш.Д. и Н.Р. од Штип им се заканувале и се обиделе физички да ги нападнат, откако претходно дале изјави како сведоци во процес во судот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.