
Кошаркарите на Соколи утре во спортската сала „Јордан Мијалков“ во Штип, ќе се соочат со Вардар во меч од 4. коло на плеј-офот на Првата лига.
„Соколите“ сакаат продолжува на победничката серија и со тоа да продолжи патот кон пласман во Суперлигата, а фаворитската улога ќе биде наклонета на страната на штипскиот тим.
Соколи е на делба на врвот три екипи со по 15 бодови, а пак Вардар е на шестото место со 13 бодови.
Натпреварот се игра со почеток од 17 часот, а кошаркарите сакаат силна поддршка и полна сала за остварување на уште една важна победа.
Борец Баскет пак на домашен терен ќе игра дерби со Мега Баскет, меч каде велешани само победа гледаат како опција на патот кон продолжува на перфектниот учинок за остварување на целта – влез во елитата.
Струмица која има победничка форма и која сака да остане осамена на врвот од табелата на домашен терен ќе игра против Охрид, во меч каде струмичани се фаворити, а тоа ќе треба да биде оправдано и на терен. Охриѓани веќе ги губат шансите за врвот и со тоа битката за пласман во ранг погоре.
Колото се затвара в недела со мечот меѓу Бутел и Водно Санс, каде домашниот тим е голем фаворит.
Во однос на плеј-аутот каде се разигрува за опстанок екипата на Овче Поле на домашен паркет во Свети Николе ќе се соочи со Црн Дрим, дуел на второпласирана и третопласирана екипа на табелата.
Во Струмица ќе се одигра мечот меѓу Ролинг и лидерот Тетекс, домашниот состав ќе има силен притисок за триумф, а пак директна дерби пресметка за опстанок ќе се игра во Каварадци каде Спортисимо ќе го пречека тимот на Младинец.
Сите три натпревари од плеј-аутот се играат утре.
Александар Ванев, М-Нет