
Кошаркарите на Винеам утре ги очекува дерби меч на домашен терен во Виница против екипата на ИБА Баскет во меч од 13. коло на Аматерската лига, која е Трета по ранг на натпреварување.
Ова ќе биде дерби на две екипи кои го делат третото место со по 19 бодови, а кошаркарите на Винеам бараат силна поддршка од виничката публика како ветер во грб од трибините за остварување на триумф.
Натпреварот меѓу Винеам и ИБА Баскет се игра утре во Спортската сала во Виница со петок од 19 часот.
Утре на програмата ќе биде и мечот меѓу второпласираниот тим на Шар Планина и лидерот Гевгелија, пресметка на две екипи кои сакаат влез во Првата лига за следна сезона.
Гевгелија е на врвот со 23 бодови, а пак Шар Планина е втора со 21 бод. Мечот стартува во 19 часот.
Во недела се играат останатите две средби. Градско дерби ќе се игра во Битола меѓу екипите на Конзули и Хераклеа, а пак во Дебар ќе се игра мечот меќу Дибра Иглс и Чаир.
Александар Ванев, М-Нет