Разнобојни цвеќиња за 8 Март, продава струмичанката Дафинка на пазарот во Штип

Разнобојни цвеќиња за 8 ми март, продава струмичанката Дафинка на пазарот во Штип. Пред самиот празник, таа секоја година е во истокот и продава цвеќиња, кои лично ги произведува во нејзината градина. Иако процесот на производство започнува многу порано, сепак таа е децидна, дека со посветеност, работа и многу љубов, и оваа година успеала да произведе разни видови и да ги донесе тазе на штипскиот пазар. Вели цената се движи од 50 до 250 денари, во зависност од големината и видот, а побарувачката е голема.

,,Имаме каланхоја, ценерарија, примула, бегонија, а граѓаните бараат најмногу осмомартовско цвеќе. Цената се движи од 50 до 250 денари, зависи од цвеќето. Времето беше ладно, но секој производител се подготвува, затоплување, заштита од мраз, под фолија.“, вели Дафина

Покрај тоа што таа ги произведува и продава на пазарот, истовремено ги советува купувачите за начинот на одгледување на самото цвеќе. Вели и цвеќето си бара внимание, љубов и грижа за да ги разубавува домовите и дворовите.

Инаку, Дафинка остана да продава со многу љубов, позитвина енергија и отворена комуникација со секој, кој што прашуваше, бираше и купуваше. Цвеќињата на Дафинка и оваа година остануваат изборот за многумина штипјани за празникот во недела.

Иван Митев, М-Нет