
Кочанските гимназијалци го одржаа последниот класен час, ставија крај на четири годишното средно образование. Четири години исполнети со многу учење, но и дружење оставија зад себе, продолжувајќи напред и развивајќи се како успешни граѓани и работници. Директорот на СОУ Љупчо Сантов, Љубомир Гацов, им посака многу успешна иднина на сите средношколци.
„Во овие четири години растевме, учевме, се дружевме и завршивме со тоа што овие ученика ќе бидат успешни граѓани, успешни работници“ – вели Гацов.
Ученици кои се справија со ковид кризата и он лајн предвањето, средношколци кои постојано беа на висина на задачата – класните раководители задоволни од генерацијата ученици кои завршија гимназиско или економско образование.
Задоволни се и матурнатите. Велат дека претходните четири години за нив биле години кои постојано ќе се паметат. Дел од нив продолжуваат на факултет друг дел на работа – секој во правец на остварување на своите соништа.
„Четирите години поминаа прекрасно со оглед на тоа дека прва година бевме он лајн, но сепак останатите три беа прекрасни“ – велат средношколците.
Во кочанската гимназија завршија 136 ученика во учебната 2020 2024 година. Продефилираа низ дворот на гимназијата и продолжија на забава.
Лаура Стојанова М-Нет