Општина Штип ќе издвои 90 илјади денари од Буџетот за зелени поени на граѓаните од вендинг машината

Општина Штип издвои 90 илјади денари од Буџетот за зелени поени кои граѓаните ги користат од вендинг машината. За оваа точка зелено светло дадоа сите присутни советниици, односно помина едногласно. Целта е граѓаните да ја користат вендинг машината која веќе е поставена кај поголемите маркети во градот, да собираат поени и да ги користат за свои потреби.

„Предлог одлука се однесува за перципирање на трошоците за доделување на зелени поени на граѓаните за користење повратната вендинг машина. Со одлуката Општина Штип ќе дава пари во износ од 90 илјади денари од Буџетот на Општина Штип за 2024 година. Средствата ќе се пствараат на реално остварливи зелени поени“ – вели Илиев.

За користење на вендинг машината граѓаните треба да имаат на мобилните телефони инсталирано програма, преку која со секое фрлено шише може да собираат бодови и со истите да пазаруваат во некој од маркетите. На ваков начин, комуналниот инспектор при Општина Штип Борче Везенков вели дека ем ќе се селектира отпадот ем граѓаните ќе имаат корист од тоа.

Инаку, Се складира само пластични шишња и алуминиумски лименки. Има упатство како тоа функционира.