Кочани незапирлив на патот кон враќање во Првата женска фудбалска лига како голем фаворит!

ФОТО: Александар Ванев, Телевизија М Нет | АРХИВА

Екипата на Кочани која во Втората женска фудбалска лига важи за главен фаворит за освојување на првото место кое директно води кон пласман во Првата лига е незапирлива на патот кон остварување на своите цели.

Кочани склопи екипи со неколку прволигашки засилувања, со репрезентативки и повеќе од јасно е дека Кочани е прв и главен фаворит за првото место.

На стартот од новата сезона во Втората лига екипата на Кочани забележа две победи, откако во првото коло го деклаисираше Билјанини Извори во Охрид со 1:5, во второто коло одново гостување во Македонски Брод каде со 0:8 го декласираше тимот на Порече.

Со тоа тимот на Кочани е на врвот од табелата со максимални шест бодови на своето конто.

Воедно, Кочани ја има фудбалерката која по две кола е најдобар стрелец во лигата, тоа е искусната Афродита Салихи која има постигнато седум погодоци по два одиграни натпревари, а на второто место е Ангела Стојковска, исто така фудбалерка на Кочани со пет погодоци.

Во рамки на 3. коло екипата на Кочани на домашен терен како голем фаворит ќе се соочи со екипата на Плачковица од Радовиш.

Александар Ванев, М-Нет