На 5. октомври ќе започне новата сезона во Првата футсал лига: Шампионот Форца против Железарец

ФОТО: Телевизија М Нет

На 5. октомври ќе започне новата сезона во Првата футсал лига на Македнија со натпреварите од првото коло.

Ждрепката посакува во првото коло шампионот Форца одбраната на титулата да ја започне на домашен терен против Железарец, Осогово во Крива Паланка ќе го пречека Кеги Моби, повратникот повратникот Јувентус Серава ќе игра против Шкупи, Црна Река ќе го пречека повраникот Проект, а пак Бутел ќе игра против Клими.

И во новата сезона како и во претходната учество земаат десет екипи, првопласираната екипа обезбедува излез во Европа, односно игра во квалификациите на Лигата на шампионите.

Двете последнопласирани екипи директно испаѓаат во Втората футсал лига на Македонија. Во новата сезона ќе се игра по двокружен систем односно ќе бидат одиграни 18 кола, во есенскиот дел девет кола, во пролетниот дел девет кола.

Есенската полусезона според календарот за новата сезона треба да заврши на 8. декември.

Александар Ванев, М-Нет