Кочани загуби на гостувањето кај Вардар, Саса со висок пораз од Тиверија Брера

ФОТО: Александар Ванев

На четири кола до крајот Скопје е нов шампион во Првата женска фудбалска лига. Што донесе 23-тата рунда во елитниот фудбал во женска конкуренција?

Фудбалерките на Кочани забележаа нов пораз овој пат загубија од Вардар на гостински терен во рамки на 23. коло на Првата женска фудбалска лига со резултат од 4:1. Гостинскиот тим преку Милеска го отвори резултатот, но потоа „вардарки“ направи комплетен пресврт и стигна до своето петтто сезонско славје, додека пак фудбалерките на Кочани го запишаа дури 20-тиот сезонски пораз.

Каменица Саса го загуби дербито со Тиверија Брера во Струмица со резултат од 3:0, во меч каде струмичанки беа подобри и покажаа подобра игра. Ова е најава на финалето од Купот на Македонија, бидејќи двете екипи на 14 мај ќе се соочат во големото финале за Куп титулата.

Единствениот меч без погодоци беше тој во Пржино, каде во дербито на Истатов и Љуботен исходот беше делба на бодовите откако екипите одиграа 0:0.

Во Струга исто така немаше победник таму Ас Јунајтед и Речица одиграа 1:1, додека пак Скопје кој стана нов шампион во Првата женска фудбалска лига со убедливи 8:0 го декласираше Топ Гол на домашен терен.

На врвот од табелата е Скопје со 66 бодови, Тиверија Брера е втора со 51 бод со што струмичанки се зацврстуваат на второто место, на третото место е Истатов со 46 бодови, а пак Љуботен е четврт со 44 бодови.

На петтата позиција е екипата на Каменица Саса со 37 бодови, Ас Јунајтед е шестти со 35 бодови и потоа следува пресек на самата табела, дебитантот Вардар е седми со 19 бодови, Речица е осма со 13 бодови, во бараж зоната за опстанок како осми е Кочани со седум бодови, на дното е Топ Гол со четири бодови кој има тешка мисија за да избори опстанок.

Александар Ванев, М-Нет