Котевски главен во Радовиш, Младеновски ќе им суди на Беласица и Башкими, Гелов патува во Гевгелија!

ФОТО: М Нет телевизија

Утре се играат натпреварите од вонредното 19. коло на Втората македонска фудбалска лига, а веќе се познати и судиите кои ќе бидат задолжени да ја делат правдата на истите.

Ангел Гелов ќе им суди на Кожуф и Скопје во меч кој се игра во Гевгелија, Пларент Салихи ќе биде задолжен за правдата на дуелот меѓу Охрид и Вардар Неготино, а пак Марјан Младеновски ќе им суди на Беласица и Башкими во Струмица.

Главен арбитар на мечот Арсими и Победа ќе биде Боби Величков од Велес, Ангелчо Ристов ќе биде задолжен за правдата на мечот меѓу Македонија ЃП и Новаци, а пак главен судија во Велес каде ќе играат Борец и Каменица Саса ќе биде Ивана Пројковска.

Брегалница на домашен терен ќе игра со „фенерџијата“ Вардарски, а ќе им суди Никола Петковски, а во Радовиш каде ќе се соочат Детонит Плачковица и Осогово делител на правдата ќе биде Дарко Котевски.

Сите натпревари ќе започнат во 14 часот.

Александар Ванев, М-Нет