Астибо со висок проаз од шампионот Ѓорче Петров во Штип, Овче Поле со висока победа на домашен терен во плеј-аутот

Во рамки на 7. коло од плеј-офот на женската ракометна Суперлига екипата на Астибо во штип доживеа висок пораз од шампионот Ѓорче Петров со 18:39. Сосема очекувана беше оваа голема победа за „лавиците“ кои се на добар пат да ја одбранат титулата.

На почетокот од мечот Астибо парираше, но потоа Ѓорче Петров влезе во голема серија и на полувреме имаше 12:22. Во вториот дел беше потврдена високата победа од 18:39.

Марија Анчева за Астибо беше најдобар стрелец со постигна 13 од 18 гола, а кај „лавиците“ се истакна Емилијана Ризоска со шест гола.

Металург Автокоманда со 30:32 славеше триумф во скопското соочување со Вардар, а тесна победа се радуваше и Чаир кој со 26:27 го доби тимот на Куманово на гостински терен.

Овој викенд започнаа и натпреварите од плеј-аутот, каде тимот на Спартак на домашен терен со 31:23 го декласираше Шампион, додека пак Деспина на домашен терен беше подобар од Ѓорче Петров 2 со резултат од 28:25.

Екипата на Овче Поле во Свети Николе со 28:22 беше убедлива против Стружанка, во меч каде Јована Конева постигна 12 гола за домашнио тим, а пак Маја Раткушиновска имаше пет реализации.

Александар Ванев, М-Нет