
Зголемен процентот на слободни работни места, најмногу во дејности со храна, најмалку во сектор за Јавна управа. Според денешните податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2024 година, стапката на слободни работни места изнесува 1.93 %.
Највисока стапка на слободни работни места од 3.47 % има секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, додека најмала е стапката во секторот Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување, во кој изнесува 0.13 %.
Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 имаат највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2.69 %.
Најголем број на слободни работни места, односно 2 149, има во втората група занимања – Стручњаци и научници.
Според старосната граница, невработеноста е намалена кај сите групи, при што најзначајно намалување има кај централната возрасна група од 25 до 49 години, а која изнесува 21 процент. Бројот на активното население е зголемен за четири илјади лица, односно за 0,4 проценти на годишна основа. Во Макеоднија моментално има 7.145 слободни работни места објавени само на веб страницата на Агенцијата за вработување.
Дел од огласените работни позиции се: специјалисти за човечки ресурси, молери, продавачи, раководители на производство, специјалисти, комерацијалисти, возачи, обезбедувачи на лица и имот, електромонтери, бравари, општи амдинистратори, директори, дистрибутери, службеници за организирање патувања итн.
Иван Митев, М-Нет