Костадиновски: Подготовките за дербито со Драчево течат во најдобар ред, очекувам победа!

ФОТО: Телевизија М Нет

Овој викенд на програмата се натпреварите од 6. коло од плеј-офот од Првата ракометна лига, а во Спортската сала „25-мај“ ќе се одигра дербито меѓу Радовиш и Драчево за третото место, но и напаѓање на второто место кое води во баражот за Суперлигата.

Радовиш веќе се подготвува за овој меч под водство на новите тренери Александар Долдуров и Спасе Ѓорѓиев, екипата на телевизија М Нет беше на тренингот на радовишани пред овој меч, а во изјава за телевизија М Нет, голманот на Радовиш, Кристијан Костадиновски вели дека подготовките течат во најдобар ред и очекува победа над Драчево.

Костадиновски очекува поддршка од радовишката јавност во сала со цел да им бидат ветер во грб за трумф над Драчево.

Натпреварот меѓу Радовиш и Драчево се игра во сабота со почеток од 18 часот. Судиска двојка ќе бидат Рубинчо Седлоски и Горан Ангелевски од Прилеп, а делегат ќе биде Зоран Јовановски од Штип.

Александар Ванев, М-Нет