
Дебитантот во Првата македонска фудбалска лига, Воска Спорт, направи одличен потег откако потпиша нов договор со најдобриот стрелец во Првата лига, Алекса Марушиќ кој стави потпис на нов договор со важност од најмалку до крајот на следната сезона.
Најдобриот голгетер во Воска Спорт и Првата лига, останува во Охрид до крајот на јуни 2025 година. Црногорецот досега одигра 25 натпревари за Воска Спорт и постигна 13 погодоци, а притоа запиша и три асистенции.
Марушиќ во Воска Спорт пристигна минатото лето, а потегот да се задржи Марушиќ и во следната сезона е потег со кој управата на охридскиот тим ќе гради квалитетен тим за следната сезона, но она што е важно е дека првично ќе треба да се избори опстанокот во елитата.
Александар Ванев, М-Нет