
Македонските конфекции се соочуваат со сериозни потешкотии, а една од главните причини за тоа е намалувањето на порачките од германските партнери. Денес, во текстилниот сектор, единствено се работат ситни налози од по стотина парчиња, нарачки што голем дел од фабриките во Бангладеш не ги прифаќаат, поради нивниот мал обем.
Недостатокот на работна сила, како и високите трошоци на домашниот пазар, доведоа до пад на конкурентноста на македонскиот текстил. Проблемите не се само локални, туку и глобални, бидејќи странските нарачки драстично опаднаа, а цените на услугите не се зголемија во сооднос со растот на минималната плата.
Димитров додава дека се потребни измени во Законот за работно ангажирање, со кои ќе се дозволи пензионерите да работат без ограничување на бројот на работни денови во текот на годината. Според него, оваа мерка ќе помогне да се спречи пензионерите да бидат принудени да работат во сивата економија,
Во 2024 година, извозот на текстилната и кожарската индустрија достигна вредност од 518,5 милиони долари, што претставува 6,15% од вкупниот извоз на Македонија. Притоа, повеќе од 90% од производството во текстилната индустрија е концентрирано во лон производство, додека класичното производство сочинува само 7%.
Иван Митев, М-Нет