Денеска се празнува Курбан Бајрам, празник кога се дава жртва и се дели на сиромасите

Муслиманите денеска го празнуваат Курбан Бајрам, празник кога треба да дадат жртва и да помогнат на сиромашните. На таков начин сите достоинствено го чествуваат празникот. На првиот ден од празникот се изведува молитвата за Бајрам – бајрам намаз, со која верниците бараат милост од Алах. Карактеристично за овој празник е принесувањето жртва – курбан која има симболика на приближување кон Бога. Обичајот го изведуваат сите кои имаат можност за тоа. Оние кои принеле жртва, потоа раздаваат од месото на сиромашните, соседите и роднините.

„Што значи Курбан Бајрам? Курбан Бајрам е ден кога Муслиманите ги жртвуваат животните во името на Бога. Но, тоа не е чин само на жртвување на тоа животно, туку е чин кога самиот верник се одбележува како човек кој е милосрдлив, кој може да споделува. Курбанот кога се коли тој се дели на три дела, првиот дел е на самото семејство, вториот се дава на соседите и роднините и третиот дел на сиромашните.“ – вели Шабановски.

Вчерашниот ден оние кои не се Аџилак го поминаа во пост. Денеска по бајрамска молитва сите заминаа по своите домови, а помалите одат на гости кај повозрасните.

„Денеска по клањањето на бајрамската молитва сите веќе си заминаа во своите домови. Помалите заминуваат кај нивните постари пријатели, роднини кај родителите и со тоа се одбележува овие денови“ – додава Шабановски.

Курбан Бајрам е еден од двата најголеми празници за Муслиманите кој трае четири дена.

Лаура Стојанова, Ќирчов, М-Нет