
Предизборната кампања за седмите по ред Локални избори 2021 година значеше и период на презентирање на кандидатите, програмите и проектите како и нивно рекламирање со цел граѓаните да може да се запознаат по детално со она што ќе се работи во претстојните четири години, и да се одлучи за кого ќе го даде својот глас. Меѓутоа, сето ова со себе носи и дополнителни финансиски средства кои кандидатите и политичките партии ги одвојуваат од својот Буџет. Колку кандидатите за градоначалник во Штип платиле во предизборната кмапања за рекламирање. На фејсбук стрницата која е отворена за сите граѓани проверивме колку Јорданов, Николов, Санев и Поликарп одвоиле за реклама. Сегашниот градоначалник на Општина Штип, Иван Јорданов потрошил 4.272 евра, од кои 3,171 евро од партијата ВМРО ДПМНЕ и 1,101 евро од Јорданов. Ова сума е за периодот од 4ти август 2020 година до 30 ноември 2021 година. Доктор Сашко Николов за истиот временски период потрошил 1822 евра 925 евра од СДСМ и 824 од Николов. Ванчо Санев за реклама дал 116 евра сите со негова уплата, додека Поликарп има потрошено помалку од 100 евра. Или вкупно за рекламирање за изборите кандидатите во Штип потрошиле нешто наде 6.200 евра.
Во Штип изборите завршија во првиот изборен круг односно на 17 октомври кога и градот под Исарот доби свој градоначалник.
Лаура Стојанова М-Нет