
Бројот на ковид хоспитализирани пациенти во штипската болница речиси идентичен како и во текот на вчерашниот ден. Во последните 24 часа новопримени се три пациенти, испишани шест, со што вкупниот број на хоспитализирани е 33 на Инфективното одделение и две на дневна амбуланта. Кожното одделение трети ден по ред е празно. Во изминатото деноноќие битката со ковид 19 ја изгубило едно лице во штипската болница и моментално слободни се 27 кревети на Инфективното одделение и 10 на кожното, информираше портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска.
Во кочанската болница хоспиталзирани се вкупно седум пациенти, од кои три се вакцинирани, две на кислородна поддршка. Во последните 24 часа новопримени пациенти нема, испишан е само еден. Со ова бројот на слободни ковид кревети е 20, информираат од болницата.
Во општините од Истокот моментално активни се 688 ковид случаи, најмногу во Штип 161. во Кочани 159 и во Делчево 134. Во останатите општини од Истокот бројката е двоцифрена освен во Пехчево каде има активни само 9 ковид случаи.
Според информации од Министерството за здравство заклучно со вчера во земјата се направени вкупно 1.478.883 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 216.670, бројот на оздравени пациенти е 201.017, на починати е 7.616, а бројот на активни случаи изнесува 8.037.
Лаура Стојанова М-Нет