
Седум народни херои од државата одбележуваат 100 години од рагањето во текот на 2021 година. Ова е како повод, односно настан и проект со кој Сојузот на Филателисти на Македонија го одбележуваат нивното 70 годишно постоење. Имено, 70 годишнината беше минатата година, но заради ковид пандемијата настаните се одбележуваат годинава. Еден од народните херои е и Славчо Стојменски од Штип.
„Баравме кој проект би би одбележување на нашето постоење и откривме дека седум народни херои од Македонија имаат 100 години од раѓањето токму во текот на оваа година. Сојузот одлучи да напарви еден проект да ги одбележуи нивните имиња со филателистички материјал, а тоа подразбира специјален коверт на кој е ликот на херојот и природен печат“ – кажа Белчев.
Сојузот на филателисти на Македонија не брои многу членови, но член може да биде секој кој има желба да собира вредни работи, не само поштенски марки.
„Секој кој собира нешто не само марки, кај нас ги прибравме и собирачите на метални и книжни пари, собирачите на етикети од вино, подметки за пиво и слично“ – додаде Белчев.
Во 2022 година овој сојуз е во план да издаден пригодни коверти за уште тројца нардони херои од Македонија, односно Џоле Дамевски во Прилеп, Вангел Нечевски во Битола и Бајрам Шабани во Куманово.
Лаура Стојанова М-Нет