Колку пари ќе заработи Шкендија од настапот во КЛ?

ФОТО: ФК Шкендија

Македонскиот шампион Шкендија испиша голем историски успех, откако се пласираше во групната фаза на Конференциската лига на УЕФА, а овој спортски успех е најголемиот во клупската историја на прволигашот од Тетово.

Но, покрај овој огромен спортски успех, Шкендија значително и ќе ја наполни клупската каса. Со самиот влез на Шкендија во групата фаза на Конференциската лига на УЕФА обезбедува 3,2 милиони евра приход, што за тимот овие финансии ќе бидат повеќе од важни и потребни за уште поголем напредок на клубот.

Но, Шкендија ќе има и можност за уште поголеми финансиски добивки, а тоа ќе биде со секоја победа во групната фаза која ќе носи 400.000 евра, а секое реми носи 133.000 евра.

Ова ќе значи дека клубот ќе може да инкасира уште поголема сума на финансии, што ќе биде мотив плус за подобри резултати во Европа.

Шкендија е вториот тим после Вардар кој од Македонија ќе игра во групната фаза на европско натпреварување на УЕФА, претходно Вардар играше во групната фаза на Лига Европа, а сега Шкендија во Конференциската лига на УЕФА.

Александар Ванев, М-Нет