Со оркестар од ученици и наставници ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ Штип утре го одбележува патрониот празник

ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ Штип утре ќе го прослави својот патронен празник. За првпат годинава ќе се формира оркестар составен од ученици и наставници кои ќе изведат стари македонски евергрини, со што ќе се замени класичната музика и досегашниот начин на организирање на патрониот празник со нешто ново. Манифестацијата ќе се одржи утре во дворот на музичкото училиште. Директорот Кавраков ги повика граѓаните да бидат дел од настанот и да уживаат.

„За првпат оваа година успеавме да ја реализираме идејата која трае веќе пет – шест години, да се формира еден оркестар односно Биг бенд составен од ученици и наставници. На самиот концерт ќе бидат изведени популарни македонски евергрини, распишани аранжмани од скопски композитори. Особена чест ни е да биде нешто различно освен класичната музика која ја изучуваме во ова училиште еве надвор од програмата да настапиме овој тип на концерт. Ќе биде во училишниот двор“ – вели Кавраков.

На одбележувањето на патрониот празникна Сергеј Михајлов ќе настапат ученици и наставници но и деца кои завршиле и ќе пеат песни од изведувачи по своја желба. Со ова вели Кавраков се покажува задоволството на учениците од самото училиште.

„Оркестарот е составен од 15 ученика и 7 до 8 наставника. Има ученици кои завршиле минатата година ама на своја желба да отпеат некоја песна од нашите изведувачи“ – додава Кавраков.

Со овој настан кој е новитет ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ Штип додава уште еден во низата настани за паметење. Како што истакна Кавраков, изминатата година се реализирани Новогодишниот и Велигденскиот концерт, голем број натпревари во државата и странство, многу освоени награди, како и богата програма во текот на целата училишна година.

Лаура Стојанова М-Нет