Кои се условите за вистински ловец и што е најважно пред да тргнете на лов?

Од дете почнува да лови со неговиот татко за денска себе си да се престави како специалист по ловство, Дејан Јованов е активен член на Ловечкото здружение Ловец Штип. Еден ден пред почетокот на новата ловна сезона посочува кои услови треба да бидат исполнети за да се биде вистински ловец и што е најважно пред да се тргне на лов.

„За да станете вистински ловец треба да ги исполнувате сите услови, треба да имате положено ловечки испит, треба да имате поминато обука за техничко познавање на оружје и да сте активен член во ловечко друштво. Најбитно е оружјето да се провери да биде во добра кондиција, моницијата со која ќе се стрела да биде нова и фабричка и кучињата да бидат во добра кондиција“ – вели Јованов.

Освен ова потребна е и соодветна опрема која треба да се поседува согласно теренот кадешто се лови. Со новитетите кои ги воведе штипското ловечко здружение односно задолжително носење портокалови елеци и капа се прават напори ловството да се придвижи чекор напред кон совреното ловство.

„Ловецот треба да има соодветна опрема за да може да лови оти терените се различни, обувки. Терените се различни и имаме лов на различен дивеч ама се стремиме да воведеме современо ловство.“ – вели Јакимовски.

Тенденција е како во европските држави и жените да се вклучат во ловството, а да се зголеми и бројот на млади членови за што се изготвени и соодветни флаери за едукација. Инаку, новата ловна сезона започнува официјално утре, а ќе се лови прелетен дивеч.

Лаура Стојанова М-Нет