Две години по големите пожари во Кочани – што е променето, а на што треба на работи?

Пожар беснее во Кочани, објекти во градот зафатени од страншните пожарни во Кочани, месното население активно помага во гаснењето на пожарите – вакви наслови се ширеа во јавноста пред две години кога големи пожари го зафатија Кочани и кочанско. Помош од сите страни и желба што е можно побрзо да згаснат пламените јазици. Што е променето две години подоцна го прашавме Командирот на ТППЕ Кочани, Драган Апостолов. Вели веднаш се формираше ДПД.

„Свеста кај месното население се подигна малку на повисоко ниво, а уште самата година беше формирано и ДПД Кочани кое брои околу 50 членови.“ – вели Апостолов.

По пожарите солидарност покажаа и амбасадите во Македонија. Две нови возила за гаснење пожар на отворено и апел до сите граѓани да бида посовесни и одговрни за да не се повтори Кочани 2021.

„Дел од амасадите во Македонија излегоа со неколку донации. Од страна на швајцарската амбасада имаме доделено теренско возило, а општината ја надогради со пумпа. Имавме донирано средства од Кина, а од ДЗИ ни додели џип интервентно возило“ – вели Апостолов.

Годинава во функција се ставени и трите ер трактори кои треба да дејствуваат во случај на големи пожари, истакна првиот човек на ЦУК Стојанче Ангелов.

Лаура Стојанова М-Нет