
За изминатата сезона во Третата македонска фудбалска лига – Исток шампион е екипата на Вардарски од Богданци, која го доби баражот со Кораб и обезбеди влез во Втората лига после 27 години.
Најдобар стрелец во Трета лига – Исток за изминатата сезона е Марио Атанасовски од Рудар од Пробиштип со 12 постигнати погодоци.
На делба на второто место со по девет погодоци се Октај Амедов од Слога Виница и Илија Баламов од Вардарски.
По осум погодоци имаат постигнато Игор Ѓорѓиев од Слога Виница, Стојанчо Наков од Вардарки и Николче Симонов од Овче Поле. По седум погодоци минатата сезона во Трета лига – Исток постигнаа Михаил Воинов од Слога Виница, Јани Јанков од Тиверија, Дарко Нацев од Овче Поле и Јорданчо Трендафилов од Овче Поле.
По шест погодоци постигнаа Трајче Димитриев од Тиверија, Адријан Спасиќ од Ударник и Крсте Тодоров исто така од Ударник.
Изминатата сезона во Трета лига – Исток беа постигнати пет автоголови, а трагичари беа Виктор Анреевски од Малеш, Горан Арсовски од Рудар, Дарио Димовски и Емил Рунчевски од Овче Поле и Асан Рафадов од Слога Виница.
Александар Ванев, М-Нет