
Македонскиот репрезентативец и фудбалер на Абердин, Бојан Миовски е на мета на повеќе клубови, а во трката за неговиот потпис влегува италијанскиот тим Болоња.
Според медиумите во Шкотска, раководството ан Болоња ја подготвува официјалната понуда која треба да биде испратена до шкотски Абердин, а доколку биде прифатена тоа би значело преселба на Миовски во Италија односно ќе заигра во Серија А.
Болоња во Миовски гледа соодведна замена за Џошуа Зиркзе кој е пред заминување од клубот.
24-годишниот фудбалер од Штип минатата сезона постигна 26 гола во сите натпреварувања, а Болоња која минатата сезона заврши на 5. место и обезбеди место во Лигата на шампионите во Миовски гледа вистинско засилување и освежување како за Серија А, така и за сезоната во Лигата на шампионите.
Во трката за потписот на Миовски влегува и Саутемптон, екипа која се пласираше во англиската Премиелига. Според најавите, сумата која што Абердин ќе ја бара за Миовски е шест милиони фунти.
Александар Ванев, М-Нет